Поштенска Банка АД Скопје нуди можности за вработување и професионален развој на млади, талентирани, високо мотивирани и амбициозни личности кои имаат амбиции за стекнување на знаење, искуство и градење на кариера, како и студентска пракса.
Поштенска Банка АД Скопје нуди можности за развој, предизвик, тимска работа, динамична работна атмосфера насочена кон остварување на поставените цели и напредок во кариерата.
Вработување
Доколку сакате да бидете дел од амбициозен, динамичен, виско стручен и професионален тим и можете да одговорите на предизвикот испратете ја Вашата Апликација за вработување во печатена форма со фотографија со назнака “за вработување” на следнава адреса:
Поштенска Банка АД Скопје
Дирекција за правни и општи работи и човечки ресурси
ул.”27-ми Март” бб
1000 Скопје
Напомена: Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на апликацијата за вработување за идните потреби на Банката, согласни сте Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кадри. Банката гарантира дека освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниедна друга цел ниту пак достапни на трети лица.
* Контактирани и повикани на разговор ќе бидат само оние кандидати кои ќе влезат во потесниот избор.
Студентска пракса
Доколку сакате да стекнете студентска пракса во нашата Банка, испратете кратка биографија и придружно писмо со назнака "за студентска пракса" на следнaта e-mail адреса: pbhr@postbank.com.mk |