|
Убаво е да се штеди кога се знае дека парите се на сигурно, зголемени за камата и спремни за идни потреби.
Поштенска Банка му овозможува на секој клиент кој сака да штеди можност своите пари да ги вложи во еден следниве модели на штедење.
-
Штедење по видување
-
Орочен штеден влог со исплата на камата однапред
-
Орочено штедење
-
Пензиски штеден влог
-
Штеден влог индексиран за евро
Отварањето на штедниот влог може да се врши низ мрежата на Банка и тоа на име на полнолетно, малолетно или на лице под старателство. За штедниот влог како паричен депозит Банката ќе издаде штедна книшка во која ќе се запишуваат уплатите, исплатите, каматите, состојбата и другите податоци.
Со средствата од штедната книшка може да располагаат:
-
лицето на која таа гласи
-
ополномоштенето лице овластено од вложувачот, законски застапник и старател
Каматните стапки се креирани во зависност од моделот на штедење и се пропишани со каматната политика на Банката.
Загубената, искинатата или уништената штедна книшка се амортизира, односно се огласува за неважечка и се издава нова книшка
Податоците за депозитите на граѓаните представуваат банкарска тајна на Банката.
Вкупните депозити на депонентите во банката се осигурани во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обештетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишана камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението за забрана за прибирање на депозити, односно за укинување на дозволата за оснивање и работење на банката.
|