Мапа на сајтот|Помош мк
Физички лица|Правни лица
За нас|Деловна мрежа|Друштва на банката|Контакт
Почетна / Физички лица / Картички

Картички

Print this pageSmaller textBigger text size

Основни информации за картичките на Поштенска Банка АД

За сите долгогодишни клиенти, но и за оние кои се заинтересирани за добивање на дебитна или кредитна картичка на Поштенска Банка, Ви ги нудиме најважните информации кои треба да ги знаете за нашата картичка:

  • користење на картичката во трговија
  • подигнување на готовина
  • локација на банкомати
  • користење на Е-банкарство
  • проблеми
  • контакти

Користење на картичката во трговија

Дебитната и кредитната картичка на Поштенска Банка АД Ви нуди купување без провизија на сите продажни места каде што го има знакот на Поштенска Банка. Картичките на Поштенска Банка Ви овозможуваат целосно да се потпрете на безготовинското купување и воопшто да не бидете зависни од количината на готовина која ја имате во Вас.
Картичките на Поштнска Банка AД се единствени со кои можете да ги плаќате сметките за комуналии, топлификација, струја, фиксна и мобилна телефонија без провизија на сите поштенски шалтери ширум Републиката.

Подигнување на готовина

Поштенска Банка во соработка со Македонска Пошта Ви ја нуди најшироката палета на шалтери опремени со ПОС терминали од кои можете да подигнувате готовина без провизија. Ние Ви нудиме можност секогаш да можете да подигнете готовина во која било од 331-та поштенска единица на Македонска Пошта, како и во главната експозитура на Поштенска Банка во центарот на градот.

Локација на ПОС терминали - преземи

Доколку сте пак во трка со времето и не Вие е потребна никаква друга услуга од шалтерите освен подигањето на готовина, тогаш банкоматите на Поштенска Банка и на Еуростандард Банка се вистинското решение за Вас. Поштенска Банка располага со 9 свои банкомати и уште 12 кои се во сопственост на Еуростандард Банка на кои можете да подигнувате готовина без провизија (од дебитната картичка), кога и да посакате, 7 дена во неделата 24 часа во денот.

Локација на банкомати - преземи

Користење на Е-банкарство

Поштенска Банка на своите клиенти кои поседуваат дебитна или кредитна картичка им ја нуди можноста да го следат движењето на својата сметка преку Интернет. Единствено што Ви е потребно е пристап до Интернет и веќе можете да ја користите оваа услуга.

Апликацијата за пристап кон Е-Банкарството - преземи

Контакти

Нашата Служба Ви е на располагање секој работен ден од 08 до 16 часот. За секакви информации можете да се обратите на броевите 02/3140-213 и 02/3140-217 како и да не контактирате на karticki@postbank.com.mk.

Исто така, главниот шалтер на Поштенска Банка ќе Ви излезе во пресрет за сите прашања кои ги имате, секој работен ден од 08 до 17 часот на телефонот 02/3140-221.

Проблеми

Пријавување на украдена/изгубена картичка

Доколку дојде до губење или кражба на Вашата картичка, Ваша должност е веднаш да се јавите во Дежурниот Сервис на Касис на телефонот 02/3293-888 при што ќе Ви бидат побарани матични податоци и картичката ќе биде блокирана, како заштита од злоупотреба. За повторно издавање на картичката ќе треба да се обратите во Службата за платежни картички на Банката.

Тарифник на надоместоци за платежни картички- преземи

Send this page to a friendИспрати до пријател
ГореГоре
Електронски Услуги
Инфо Банка
Апликација за...
Калкулатор
Лоцирај
Локатор на филијали, АТМ и POS-терминали затвори
Листа
Опции
Населено Место:
Лоцирај
АТМ
Филијала
POS-терминал
Курсна Листа
ПродаженКуповенСреден
eur61.861.361.6381
usd4947.248.6028
За нас|Деловна мрежа|Друштва на банката|Контакт
Контактирајте не
© Поштенска Банка АД Скопје, Македонија|Тел/ 02 3140-202|banka@postbank.com.mkПолитика за приватност