Доколку сакате да се најавите на e-bank сервисот кликнете тука
Зошто Е-banking?
-
Погодност
-
Информација
-
Забава
-
Заштеда
Електронското банкарство за физички лица овозможува брзо, едноставно и сигурно извршување на банкарските услуги преку кој било компјутер приклучен на Интернет. Електронското банкарство е наменето за сите оние кои сакаат да заштедат време и средства и да ги извршат потребните банкарски работи на современ начин, едноставно, сигурно и брзо- 24 часа во денот, 7 дена во неделата.
Главни предности на електронското банкарство за физичките лица се:
- Заштеда на време и средства;
- Сигурно, лесно и прегледно работење;
- Едноставност при користење;
- Можност за реализирање на бројни услуги;
- Пристап преку кој било компјутер приклучен на Интернет.
Следење на тековна состојба
Постои можност со еден поглед во екранот да се има увид и контрола на целокупната финансиска состојба, со увид во моменталната состојба на вашите сметки во било кое време и од било кое место, каде што имате пристап до Интернет.
Следење на дневни трансакции
За сите сметки се овозможува увид во приливите и одливите во тековниот ден, во моментот на нивно настанување.
Преземање на изводи
За сите сметки постои можност да се преземат изводите од моментот на вклучување во еBank сервисот.
Секој извод можете да го отпечатите или да го преземете како фајл за поврзување со Вашата евиденција.
Како се станува корисник на e-bank сервисот?
За да станете корисник на e-bank сервисот потребно е:
Пријавата за користење на е-bank сервисот можете да ја добиете и во секоја експозитура на Македонска Пошта, како и на шалтерите на Поштенска Банка. Во пријавата се пополнуваат сите основни податоци за лицето и неговите сметки. Се пополнуваaт само оние податоци кои се однесуваат за тоа кои типови на сервиси ќе се користaт.
Регистрирањето на физичко лице како корисник на e-bank сервисот се врши на било кој шалтер на Поштенска Банка, само со презентација на документ за лична идентификација (лична карта). |