Мапа на сајтот|Помош мк
Физички лица|Правни лица
За нас|Деловна мрежа|Друштва на банката|Контакт
Почетна / Правни лица / Платен промет во земјата

Платен промет во земјата

Print this pageSmaller textBigger text size

Основни поими

Под поимот платен промет се подразбираат плаќања во денари што ги вршат учесниците во платниот промет преку носителите на платниот промет.

Платниот промет се врши единствено преку трансакциски сметки кои се пријавени во единствениот регистар на трансакциски сметки (ЕРТС)Единствениот регистар на иматели на сметки се води во Клириншката куќа.

Под поимот плаќање се подразбира уплата на готови пари на трансакциска сметка, пренос на средства од една на друга трансакциска сметка и исплата на готови пари од трансакциска сметка. 

Носители на платен промет во РМ се Народната банка на РМ, банките кои добиле согласност за вршење платен промет согласно со закон и филијалите на странски банки, како и трезорот при Министерство за финансии на РМ како посебен носител на платен промет за буџетските корисници и единките корисници.

Носителот на платниот промет води регистар на податоци за сите отворени сметки и истите ги доставува до единствениот регистар на трансакциски сметки.
Учесници во платниот промет се домашни или странски, правни или физички лица кои вршат регистрирана дејност или други физички лица кои вршат плаќања во денари преку носителите на платниот промет.

Учесникот во платниот промет може да има една или повеќе трансакциски сметки кај повеќе носители на платен промет.

Платен промет преку Поштенска банка

Поштенска банка како носител на платен промет ви ги нуди следните услуги:

  • Интерни плаќања – плаќања помеѓу клиенти на Банката
  • Готовински уплати и исплати
  • Екстерни плаќања – плаќања во корист на сметки кај друг носител на платен промет  

Екстерниите плаќања во Република Македонија се одвиваат преку два системи за порамнување и тоа:

  • МИПС (Македонски Интербанкарски Платен Систем) преку кој се извршуваат меѓубанкарски плаќања на големи износи од (1(еден) и над 1(еден) милион денари) и овие пренесени средства можат да се користат веднаш.
  • КИБС (Клириншки интербанкарски систем) преку кој се извршуваат налози на мали износи (до 1(еден милион денари), а овие пренесени средства (износи) можат да се користат после порамнувањето на нето позициите на банките на крајот на работниот ден во системот на НБРМ односно наредниот ден.
    За вршење на платниот промет во земјата се користат платни инструменти чиј вид, форма и содржина се законски пропишани. Тие платни инструменти се:
  • Уплатница (образец ПП 10)
  • Налог за исплата на готовината (образец ПП 40)
  • Уплатница за исплата на готовина (образец ПП41)
  • Налог за пренос (образец ПП 30) - (пдф документ)
  • Налог за плаќање на јавни приходи (образец ПП 50)
  • Налог за плаќање на придонеси од плати - еден налогодавач во полза на еден или повеќе примачи - образец ПП 53 ) - (пдф документ)
    Предности од вршење платен промет преку Поштенска банка
  • Имате на располагање огрома мрежа на поштенски експозитури низ цела Македонија - Поштенска банка врши платен промет во земјата преку шалтерите на банката и преку шалтерите на АД Македонска пошта во над 350 поштенски единици кои располагаат со околу шестотини шалтери. Поштенските шалтери се компјутерски мрежно поврзани и располагаат со најсовремена опрема за шалтерско работење
  • Налозите брзо и ажурно ви се спроведуваат
  • Веднаш можете да располагате со средствата
  • Движењето на сметките можете да го следите електронски
Send this page to a friendИспрати до пријател
ГореГоре
Електронски Услуги
Инфо Банка
Апликација за...
Калкулатор
Лоцирај
Локатор на филијали, АТМ и POS-терминали затвори
Листа
Опции
Населено Место:
Лоцирај
АТМ
Филијала
POS-терминал
Курсна Листа
ПродаженКуповенСреден
eur61.861.361.6381
usd4947.248.6028
За нас|Деловна мрежа|Друштва на банката|Контакт
Контактирајте не
© Поштенска Банка АД Скопје, Македонија|Тел/ 02 3140-202|banka@postbank.com.mkПолитика за приватност