- Платниот промет во нашата земја се одвива преку носителите на платен промет и тоа:
Народна банка на Република Македонија како главен носител на платниот промет и банките кои имаат добиено дозвола од НБРМ за вршење на платен промет согласно со закон.
- Учесници во платниот промет можат да бидат домашни или странски ,правни или физички лица со регистрирана дејност или други физички лица кои вршат плаќања во денари преку носителите на платниот промет.
Платниот промет во Републиката се одвива преку два системи за порамнување и тоа:
- МИПС (Македонски Интербанкарски Платен Систем) преку кој се извршуваат меѓубанкарски плаќања на големи износи од (1(еден) и над 1(еден) милион денари) и овие пренесени средства можат да се користат веднаш.
- КИБС (Клириншки интербанкарски систем) преку кој се извршуваат налози на мали износи (до 1(еден милион денари), а овие пренесени средства (износи) можат да се користат после порамнувањето на нето позициите на банките на крајот на работниот ден во системот на НБРМ односно наредниот ден.
- Носителот на платниот промет (Банката) отвора сметки на учесниците на нагово писмено барање.
- Учесникот во платниот промет може да има повеќе сметки кај еден носител, а може да има сметки кај повеќе носители на платниот промет.
Носителот на платниот промет води регистар на податоци за сите отворени сметки и истите ги доставува до единствениот регистар на иматели на сметки.
Единсвениот регистар на иматели на сметки се води во Клириншката куќа.
ПОШТЕНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ
|