en | мк
    09.03.2010 Добродојдовте на web страните на ПОШТЕНСКА БАНКА А.Д. Скопје, ул. 27-ми Март бб. (мал ринг)
    
 
   Граѓани
   Поштенска Банка
E-Banking пријава
Преглед на состојба на тековна сметка преку мобилен телефон (WAP)
E-Bank
Потрошувачки кредити
Брокерска куќа ПОШТЕЛ-БРОКЕР АД Скопје
Денарско штедење:
Почнувајќи од 01.06.2009 година, По штенска Банка за своите досегашни и идни коминтенти ќе ги применува следните каматни стапки за денарско штедење:
1. На штедни влогови по видување 0,80%
2. На орочени штедни влогови  
На 1 месец 6,80%
На 3 месеци 9,00%
На 6 месеци 9,55%
На 12 месеци 9,90%
На 24 месеци 12,85%
На 36 месеци 12,95%
3. Најмалиот износ при отварање на нова штедна книшка изнесува:  
По видување 0 денари
Орочени на 1, 3 и 6 месеци 1.000,00 денари
Орочени на 12, 24 и 36 месеци 5.000,00 денари

НОВ ПРОИЗВОД

ДЕНАРСКИ ШТЕДЕН ВЛОГ ИНДЕКСИРАН ЗА ЕВРО
Номинална годишна каматна стапка
3 месеци
5,00 %
6 месеци
5,50 %
12 месеци
5,80 %
18 месеци
6,10 %
24 месеци
6,50 %

На денарскиот штеден влог индексиран за евро Банката ќе пресметува стимулативна камата на денарскиот штеден влог индексиран за евро поголема од основната стапка за 0,25% доколку износот на штедниот влог индексиран за евро надминува 100.000,00 денари, односно за 0,50% доколку износот на штедниот влог индексиран за евро надминува 600.000,00 денари.

Минималниот износ на депозитот за денарскиот штеден влог индексиран за евро е 6.000,00 денари.

Граѓаните кои сакаат да штедат може својот паричен депозит да го вложат во Банката. За штедниот влог како паричен депозит вложен во Банката се издава штедна книшка. Штедната книшка е писмена исправа за располагање со штедниот влог, во која се запишуваат уплатите, исплатите, каматите и другите податоци.

Право на засновање на штеден влог имаат:

Носител на денарски депозит може да биде физичко лице државјанин на Република Македонија и странски државјанин со постојан престој во Република Македонија.

Правните лица и добротворните организации не можат да бидат носители на штедни книшки.

Отворањето на штедна книшка се врши со важечка лична карта за домашно ф и зичко лице или важечка лична карта за странско физичко лице со постојан престој во Република Македонија .

Со средствата од штедната книшка може да располагаат:

• лицето на која таа гласи

• ополномоштенето лице овластено од вложувачот, законски застапник и старател

Според пристигнувањето на располагањето со штедниот влог, штедните книшки се делат на:

• штедни книшки за влогови по видување

• штедни книшки за орочено штедење

Користењето на средствата од штедната книшка може да се врши согласно условите под кои е склучен штедниот влог .

Податоците за депозитите на граѓаните представуваат банкарска тајна на Банката.

Загубената, искинатата или уништената штедна книшка се амортизира, односно се огласува за неважечка и се издава нова книшка.

Каматните стапки се пропишани со деловната политика на Банката.

Напомена: кај депозитите на население ефективната каматна стапка е еднаква на номиналната каматна стапка. Каматата се смета декурзивно по комфорна метода.

Денарските штедни влогови се осигурани во Фондот за осигурување на штедни влогови. Фондот ги обештетува физичките лица во висина на 100% од депозитот на секое физичко лице до износот од денарска противвредност на 10.000 ЕВРА и 90% од депозитот на секое физичко лице во една банка или штедилница до износот од денарска противвредност помеѓу 10.000 ЕВРА и 20.000 ЕВРА, но не повеќе од денарска противвредност на 20.000 ЕВРА. Во наведениот износ се пресметува главнината на штедниот влог зголемена за камата во висина најмногу до есконтната стапка на Народната банка на Р.Македонија важечка во соодветниот период.

За подетални информации обратете се на тел: (02) 3140-229 , 3140-200 или на

e-mail: kefremova @postbank.com.mk

 

 

Copyright Поштенска Банка а.д. Скопје 2004,    developed by Software Pro Design