en | мк
    09.03.2010 Добродојдовте на web страните на ПОШТЕНСКА БАНКА А.Д. Скопје, ул. 27-ми Март бб. (мал ринг)
    
 
   Граѓани
   Поштенска Банка
E-Banking пријава
Преглед на состојба на тековна сметка преку мобилен телефон (WAP)
E-Bank
Потрошувачки кредити
Брокерска куќа ПОШТЕЛ-БРОКЕР АД Скопје
Платежни картички:

Секое деловно способно физичко лице има право да отвори платежна картичка поврзана со тековната сметка, ако ги прифати условите на Банката и обезбеди прилив на средства.

Услови за издавање на платежна картичка

Со насочување на плата или пензија преку Банката:

•  Пополнета апликација за добивање на картичка ;

•  Потврда за износот на плата за последните три месеци издадена од работодавецот ;

•  Склучен договор за трансакциска сметка;

•  Отворање на платежна картичка на пензионери се врши со презентирање Извештај за уплатени пензиски примања од страна на Фондот за ПИОМ издаден од страна на банка.

Дозволено пречекорување на платежна картичка:

Со самото склучување Договор за издавање и користење на платежна картичка поврз а на со тековна сметка, Банката дозволува пречекорување (лимит) на платежна картичка во висина до три нето плати. Имателот на платежна картичка пречекорувањето (лимитот) го добива со прокнижувањето на прв ата нето плата . Висината на дозволеното пречекорување (лимит) е во согласност со следните критериуми:

  • На граѓаните вработени во големи бонитетни претпријатија , државните органи и јавни претпријатија Банката при издавањето на платежни картички поврзани со тековните сметки им одобрува пречекорување (лимит) на платежна та картичка во висина до три месечни нето плати;
  • На останатите граѓани кои работат во акционерските и трговските друштва, се врши претходна проверка на бонитетот на фирмата во која работат (класификација во кредитен регистар), индивидуалната задолженост на физичкото лице во останатите банки и класификација во ризична категорија( кредитен регистар) , по што се донесува одлука за конкретниот лимит .
  • На корисниците на пензија им се одобрува минусно салдо во износ од една пензија или три пензии дозволено пречекорување по доставена дополнителна гаранција: меница од 100 денари и еден жирант.

Овластување на друго лице за располагање со средствата на платежната картичка

Сопственикот на платежна картичка поврзана за тековната сметка, при отварањето или дополнително со пополнување на Апликацијата може да овласти едно или повеќе лица за располагање со средствата на неговата платежна картичка поврзана за тековната сметка.

Информации за состојбата на платежната картичка

По барање на корисникот на картичката, извештаите за направените трансакции може да ги добива:

  • преку web сервисот на банката на www.postbank.com.mk ;
  • по пошта или
  • на шалтерите на банката

Трошоци поврзани со користењето на картичката

  • Камата на дозволеното пречекорување(лимит) е 15,9 %;
  • Камата на недозволеното пречекорување е законска затезна камата во висина од 19,5% *
  • Работењето со картичката е без надомест на членарина и без провизија за подигање на готовина на банкомати и постерминали на Банката и во поштите како и без провизија при купување на стока или услуга преку постерминали.
  • Издавањето на картичката на сопственикот и едно овластено лице е бесплатно. Секоја наредна картичка која се издава на овластено лице се наплатува 600,00 денари.
  • За секое реиздавање на картичка (оштетена, изгубена) се наплатува 600,00 денари;
  • Губење на ПИН и издавање на нов ПИН се наплатува 150,00 денари.
  • За опомена за заостанат долг Банката наплатува 100 денари за прва опомена, 200 денари за втора опомена и 500 денари за трета опомена.
  • При користење на банкомати и постерминали на друга Банката се наплаќа 1.5% од повлечената сума и 100 денари, а при подигање на готовина од шалтер на друга банка 2% и 100 денари.

За промените на висина на трошоците , Банката благовремено ќе го извести корисникот.

За подетални информации обратете се на тел: (02) 3140-217, 3140-213.

 

 

Copyright Поштенска Банка а.д. Скопје 2004,    developed by Software Pro Design