en | мк
    31.07.2010 Добродојдовте на web страните на ПОШТЕНСКА БАНКА А.Д. Скопје, ул. 27-ми Март бб. (мал ринг)
    
 
   Граѓани
   Поштенска Банка
E-Banking пријава
Преглед на состојба на тековна сметка преку мобилен телефон (WAP)
E-Bank
Потрошувачки кредити
Брокерска куќа ПОШТЕЛ-БРОКЕР АД Скопје
Трансакциски сметки:
И З В Е С Т У В А Њ Е
      Согласно најновите измени во Законот за платен промет (“ Службен весник на РМ ” бр .113 од 20.09.2007 година ) кои стапуваат во сила на 01.01.2008 година , Ве известуваме дека почнувајќи од 01.01.2008 година платниот промет во земјата ќе се извршува исклучиво преку трансакциски сметки . Поштенска Банка АД , Скопје отвори трансакциски сметки за своите постоечки клиенти . Трансакциската сметка треба да ја користите за сите уплати и исплати кои ќе ги правите на / од тековна сметка , штедна книшка , платежна картичка , кредит и сл . со платните инструменти пропишани во Упатството за формата и содржината на платните инструменти за вршење на платниот промет во земјата ( ПП 10 - Уплатница , ПП 40 - Налог за исплата на готовина , ПП 30 - Налог за пренос ). Во прилог следат информации за начинот на вршење на уплатите и исплатите од физички лица:

      При уплата со готовина (Образец ПП10 -Уплатница) на трансакциска сметка да се користат следните шифри за плаќање за наведените основи на уплата:

•  уплата на трансакциска сметка (шифра 830 )

•  уплата на штедна книшка (шифра 832 -депозит по видување, 833 -орочен депозит)

•  уплата на рата од кредит (шифра 514 -потрошувачки кредит, 515 -станбен кредит)

•  уплата на платежни картички (шифра 513 -кредитна картичка, 831 -дебитна картичка)

      При исплата (Образец ПП40- Налог за исплата на готовина ) од трансакциска сметка да се користат следните шифри за плаќање за наведените основи на исплата:

•  исплата од трансакциска сметка (шифра 873 )

•  исплата од штедна книшка (шифра 871 -депозит по видување, 872 -орочен депозит)

      При безготовински пренос на средства (Образец ПП30- Налог за пренос ) од трансакциска сметка да се користат следните шифри за плаќање за наведените основи на пренос на средства:

•  пренос од трансакциска сметка на штедна книшка (шифра 523 -депозит по видување, 524 -орочен депозит)

•  пренос од трансакциска сметка на платежни картички (шифра 527 -дебитна картичка, 463 -кредитна картичка)

•  пренос од трансакциска сметка на кредит (шифра 464 -станбен кредит, 465 -потрошувачки кредит)

Документи:

Ebanking пријава

АПЛИКАЦИЈА ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА КЛИЕНТ - ФИЗИЧКО ЛИЦЕ

БАРАЊЕ И ДОГОВОР ЗА ОТВОРАЊЕ И ВОДЕЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

ПРИЈАВА на овластени лица за располагање со средствата на трансакциската сметка за физички лица

ТАРИФА за вршење на готовински и безготовински платен промет во земјата преку трансакциски сметки на физички лица

      Согласно измените во Законот потребно е при првото појавување на шалтерите на Банката и Пошта за отворените трансакциски сметки да пополните и потпишете формулари за отворената трансакциска сметка кои ќе ги добиете од службениците и тоа :

•  Барање и Договор за отворање и водење на трансакциска сметка за физички лица за вршење платен промет во земјата - 2 примероци ;

•  Пријава на овластени лица за располагање со средствата на трансакциската сметка за физички лица - 2 примероци ;

•  Барање за користење на e-banking системот на Поштенска Банка АД , Скопје доколку сакате да ја следите состојбата на Вашата сметка на интернет - 1 примерок ( овој формулар е незадолжителен го пополнувате доколку сакате да ја следите состојбата на Вашата сметка на Интернет , останатите формулари се задолжителни )

      Напомена : Задолжително со себе да понесете фотокопија од важечка лична карта или патна исправа за сопственикот на сметката која останува кај Банката . Доколку сакате да овластите и друго лице како потписник на Вашата сметка потребно е да доставите за него писмено овластување потпишано од сопственикот на сметката и фотокопија од лична исправа на лицето кое се овластува кои исто така остануваат кај Банката .

Поштенска Банка А . Д ., Скопје

Дирекција за платен промет во земјата

 

 

Copyright Поштенска Банка а.д. Скопје 2004,    developed by Software Pro Design