Скопје, 01.06.2011 Ве известуваме дека почнувајќи од 01.01.2010, Банката воведе унифицирани
Апликации за регистрирање на клиенти физички/правни лица. Апликациите се
во согласност со барањата на домашната и меѓународната регулатива во делот
на идентификување и верификување на клиенти, и истите се применуваат од
страна на сите банки и штедилници во Република Македонија.
Секој нов клиент на банката , потребно е задолжително пред воспоставување на
деловен однос да поднесе Апликација за регистрирање на клиент.
- Апликација за регистрирање на клиент физичко лице
(превземете ја апликацијата)
- Апликација за регистрирање на клиент правно лице
(превземете ја апликацијата)
Се молат постојните клиенти физички лица кои немаат доставено пополнета
апликација, да ја превземат соодветната, да ја пополнат и ја достават при првата
наредна посета на шалтерите на Поштенска Банка или Македонска Пошта или
заедно со копија од важечки документ за идентификација ( лична карта или
пасош) да ја испратат на следната адреса:
- до Поштенска Банка АД Скопје
ул. 27. Март бб ( мал ринг )
1000 Скопје
Ако не сте во можност да ги превземете или испечатите, истите може да се
подигнат и пополнат на сите шалтери на Поштенска Банка и Македонска
Пошта.
НАПОМЕНА: Со сите апликации се доставува и важечки документ за
идентификација ( лична карта или пасош). |